Иранскиот врховен верски поглавар Али Хамнеи постира црно-бели фотографии од 70-те, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров твита носталгични и романтични твитови за ниќниот живот во Чеченија, додека претседателот на Азербејџан го совладува Инстаграм. Радио Слободна Европа анализира како првите луѓе на авторитарните режими низ светот ги користат (или злоупотребуваат) каналите на социјалните мрежи за нивни политички или лични цели.
Иранскиот верски лидер Али Хамнеи е активно присутен на Твитер, Инстаграм, Гугл +, а од пред еден месец и на Фејсбук. Иако најголемата социјална мрежа беше наречена „ционистички инструмент“ од страна на властите во Техеран, отворањето на фан-страницата на Хамнеи се гледа како тивко признавање на популарноста на Фејсбук, кој иако е забранет во Иран, илјадници жители на земјата го користат преку прокси сервери и алатки против филтирање.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров покрива цела палета теми на неговиот Твитер профил. Во само 140 знаци, тој ги фалеше руските медиуми, жалеше за смртта на неговиот дедо, му честита на Твитер корисник за раѓањето на неговото дете. Во твитот од подолу, Кадиров зборува за спонтана ноќна прошетка поулиците на Грозни:
Исклучително активна на социјалните мрежи е ќерката на претседателот на Узбекистан Ислам Каримов, Ѓулнара. Таа главно твиташе за својот социјален живот и објавуваше фотографии на Инстаграм, пред да го привлече вниманието со одлкуката да се впушти во полемика со некои од нејзините критичари, меѓу кои и со Ендру Стролајн, директорот за комуникации на Меѓународната кризна група (МКГ). Нивната интеракција (или недостаток на интеракција) околу кршењето на човековите права во земјата, во дел од медиумите беше протолкувана како знак дека Ѓулнара Каримова се обидува да се прикаже како подостапна за западните медиуми и како прикладен кандидат за претседателската позиција на најзиниот татко.
Претседателот на Руанда Пол Кагаме е прилично истакнат корисник на Твитер. Тој можеби не следи никого, но постојано одговара и ги вклучува во дискусии подеднакво и фановите и критичарите. Неговите твитови се полни со правописни грешки, чудни граматички структури и кратенки.
Венецуелскиот претседател Хуго Чавез брзо се навикна на Твитер. Иако најпрво ги нарече твитовите против неговиот режим „терористичка закана“, Чавез по само три години стана втор најследен лидер на Твитер, со 3.9 милиони фанови, помалку само до американскиот претседател Обама. Тој ги охрабрува граѓаните да ги споделуваат своите грижи со него преку Твитер, популистичкиот претседател успеа да ја претвори социјалната мрежа во корисна алатка за неговата социјалистичка револуција, постојано назначувајќи министри да ги исполнуваат потребите на граѓаните. Чавез е познат по тоа што твита на многу различни теми – од неговите посети во странство, преку рекострукциите на владата, до актуелни настани во земјата и во регионот. Следните два твита најдобро го илустрираат ширината на дијапазонот на теми со кои се занимава Чавез:
Целиот текст на Деана Ќука прочитајте го на веб-страницата на Радио Слободна Европа.