Алтернативниот македонски бенд „Занаду“ најавува свиречка промоција на нивниот деби албум што ќе се одржи во четврток (15 декември) во „Биртија паб“ со почеток во 21:00 часот.
Бендот како „загревање“ за претстојното објавување на првиот албу, вчера објави нова песна со спот „Зборувај, замижи, побегни“ која е достапна за слушање на Јутјуб.
За себе, членовите на бендот, Карло Јованоски (гитара, вокал) Марко Атанасов (гитара) Андреј Крстевски (бас) и Иван Богдановски (тапани) велат дека „Занаду“ е млад бенд кој не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија.
„Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фрекфенции се начини на кои пробуваме да го пронајдеме звукот кој ни се допаѓа“, велат од бендот. Досега, покрај „Зборувај, замижи, побегни“ ги имаат објавено и песните „Навика“ и „Соништа“.