Во среда (12 октомври) во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје ќе настапи францускиот амбиентален музичар „АнТез“, со локална поддршка од „BumblingBilboBlowingOnHisBigBlueBalloonBaboonBalls“.
„Антез е амбиентален музичар, звучен скулптор, кој ја истражува звучната материја манипулирајќи со звучни текстури, фреквенциски распони и со специфични звучни одлики на предметите што ги користи и што тој ги нарекува „уреди“. Со музика се занимава од својата десетта година почнувајќи со home-made гитара, а во 80-тите го основа својот прв експериментален бенд Primitif Soon. Продолжува да соработува со многу артисти и бендови, како La Cellule d Intervention Metamkine, Jérôme Noetinger, Seijiro Murayama“, се посочува во најавата за настанот.
„BumblingBilboBlowingOnHisBigBlueBalloonBaboonBalls“ или скратено „BumblingBilbo“, пак е гитарски импров на Лука Јованоски и Мартин Џорлев од Скопје.
Од „Дуња“ посочуваат дека препорачана за свирката е донација од 100 денари за уметниците.