Во среда (29 март) во социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи свирка на бендовите „Fließgewässer“ и „сбогом хиляди“.
„’Fließgewässer’ (псевдонимот на личната сонична експресија на Хајнцел) е намерно мистериозна, игриво електро-акустична музика, создадена од случајни разговори за несигурната иднина која секогаш принудува на импровизации. сбогом хиляди / sbogom1000 е концептуелен проект кој го ре-открива ритуализмот во музиката. Користејќи пост-минималистички пристап во композицијата, ги опфаќаат повторувачките ритми и психо-акустичките феномени. Резултатот е внимателно изградена какофонија која го води слушателот на патување налик на сон. Најпознати по нивните церемонијални живи настапи, сбогом хиляди сакаат да ги направат просторот и публиката дел од музиката“, се посочува во најавата за настанот.
Препорачана донација за влез на настанот е од 150 денари за уметниците.