Скопскиот инди бенд „Милко“ на 14 јуни ќе има свирка во „Jazzy“ во Скопје.
Од „Jazzy“ велат дека случајно или не, намерно или не, со повод или не, се дружат повторно во јуни со „Милко“.
Освежени со нов член и со нов материјал ќе не потсетат на старите добро познати песни, а ќе отсвират неколку нови неснимени песни кои се се’ уште во фаза на доработка.
„Годинава навршуваат 15 години од првото ЕП издание на ‘Милко’ и убава можност преку клубски настапи и најава за ново издание до крајот на оваа година да се заокружи овој јубилеј на бендот. Милко ја продолжуваат својата приказна“, стои во најавата за свирката.