СВР Скопје: Санкции за возење со мобилен телефон, на црвено или без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден (2 јануари) продолжи со контролите во областа на сообраќајот во главнот град.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење…“, велат од СВР Скопје.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, стои во соопштението на СВР Скопје.