Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) информира дека повторно се случува недостиг на инсулин.
За ова велат дека се обратиле до Министерството за здравство од каде добиле официјален одговор дека заради ревидирање на количините на „Ryzodeg“ согласно количните предивдени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка.
„Сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија“, е одговорот кој СЗДМ тврди добиле од ресорното министерство.
„Воедно ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислилме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договорот за набавка и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, додаваат оттаму.
Според Сојузот моменталната состојба ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени.
„Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспарентно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период“, деицнидни се од Сојузот.