Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за итна, глобална здравствена закана, а според организацијата, осаменоста може да предизвика смртност еднаква на пушење 15 цигари дневно.
По овој повод, СЗО лансираше интернационална комисија за проблемот, предводена од американскиот генерален хирург Вивек Мурти и младинскиот пратеник на Африканската унија, Чидо Мпемба – од 11 застапници и владини министри, вклучувајќи го и Ралф Регенвану, министерот за адаптација на климатските промени во Вануату и Ајуко Като, министерка задолжена за мерки за осаменост и изолација во Јапонија.
Ваквата мерка доаѓа откако пандемијата на ковид-19 ја запре економската и социјалната активност, зголемувајќи го нивото на осаменост. Комисијата ќе работи три години
„Осаменоста ги надминува границите и станува глобална грижа што влијае на секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава возраст или граници“, изјави Мпемба.
Здравствените ризици од осаменоста се исто лоши како пушењето до 15 цигари дневно, а се поголеми од ризиците поврзани со дебелината и физичката неактивност.
Додека осаменоста често се гледа како проблем во развиените земји, според хирургот Мурти, стапките на секој четврти постар човек што доживува социјална изолација се слични во сите региони во светот.
Кај постарите возрасни лица, осаменоста е поврзана со 50% зголемен ризик од развој на деменција и 30% зголемен ризик од инцидентна коронарна артериска болест или мозочен удар.
Но, осаменоста ги уништува и животите на младите луѓе. Помеѓу 5% и 15% од адолесцентите се осамени. Во Африка, 12,7% адолесценти доживуваат осаменост во споредба со 5,3% во Европа.
Младите луѓе кои се соочуваат со осаменост на училиште имаат поголема веројатност да го напуштат факултетот. Тоа може да доведе и до послаби економски резултати, а чувството на исклучување на работното место може да доведе до послабо задоволство од работата и послаби перформанси.