По повод вчерашниот, Светски ден на дијабетисот (14 ноември), генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус напиша на социјалната мрежа X дека повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес, пренесува Ал Џазира Балканс.
„Повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес. Сепак, не секој има пристап до пристапен третман и нега што им е потребна“, изјави Гебрејесус.
Over 800 million people around the world live with #diabetes. Yet, not everyone has access to affordable treatment and the care they need.
This #WorldDiabetesDay, @WHO calls on all countries to invest in policies that support healthy diets, physical activity and, most… pic.twitter.com/GubygAlVND
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) November 14, 2024
Тој ги повика сите земји да инвестираат во политики кои поддржуваат здрава исхрана, физичка активност и здравствени системи кои обезбедуваат превенција, рана дијагноза и третман на сите на кои тоа им е потребно.