Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека топлотните бранови во текот на летото во Европа предизвикале најмалку 15.000 смртни случаи, пренесува Ал Џазира Балканс.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге објави статистички податоци за топлотните бранови во Европа.
„Според податоците што ги споделија европските земји, најмалку 15.000 луѓе загинаа поради жештините во 2022 година“, рече Клуге.
Тој истакна дека топлотните бранови предизвикале речиси 4.000 смртни случаи само во Шпанија.
Клуге рече дека од истата причина починале речиси 1.000 луѓе во Португалија, 3.200 луѓе во Велика Британија и 4.500 луѓе во Германија.
Тој предупреди дека топлотните бранови и екстремните горештини ќе доведат до уште повеќе смртни случаи во наредните години доколку не се преземат неопходните мерки.