Врвни научници од Светската здравствена организација (СЗО) истакнуваат дека постојат докази дека вакцинацијата против Ковид-19 го намалува пренесувањето на болеста и дека вакцинацијата на половина од населението во одредена земја е придружена со „значително намалување“ на бројот на заразени лица, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Докторот Соумја Сваминтан кој е главен научник при СЗО рече дека ваквите докази за стапката на покриеност се појавиле дури и кога неговиот колега од СЗО изразил жалење што земјите без пристап до вакцини заостануваат и се соочуваат со зголемена стапка на хоспитализација.
СЗО во повеќе наврати изрази загриженост за недостаток на еднаквост во пристапот до вакцините со оглед на тоа што многу богати земји беа во можност да ги добијат, а многу посиромашни земји добиваат мали или воопшто не добиваа дози од вакцините.
Техничката директорка за Ковид-19 при СЗО, Марија Ван Керхове исто така посочи на некои „знаци дека вакцинацијата го намалува пренесувањето“, дури иако студиите за ова прашање сѐ уште не се завршени.
СЗО претходно ја повика и групата Г7 да го финансира глобалното закрепнување од Ковид-19, предупредувајќи дека кризата низ целиот свет не може да се реши ако најразвиените земји не ги засилат своите активности.