Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека од почетокот на годината забележани биле повеќе од 1.200 напади врз здравствените установи во земјите каде што има воени конфликти и војни, пишува „Анадолу“.
Гебрејесус на социјалната мрежа Икс ги објави најновите информации за нападите врз здравствените услуги ширум светот од почетокот на годината.
Тој предупреди дека нападите врз здравствените услуги станаа „новата нормала“ на конфликтите во светот.
„Само оваа година, СЗО потврди повеќе од 1.200 напади во Авганистан, Газа, Хаити, Либан, Мјанмар, Судан, Украина и на други места“, рече Гебрејесус.