Продолжува соработката меѓу Кацар (Токсиколози) и дуото „Аномалија натива“. Револт, гнев и фрустрација од транзицијата е дел од темите кои се обработени во новата песна со наслов „Така му било пишано“.
Кацар го претставува гласот на генерацијата која без избор се бори со проблемите префрлени од своите претходници.Текстот на Кацар, музиката и аранжманот од алтернативното дуо „Аномалија натива“ и семплуваниот вокал на легендарната оперска певица Милка Ефтимова составуваат дело кое вреди да се слушне со потполно внимание.
Извор: Хитпортал