Талибанците го прекинаа преносот на авганистанската подружница на медиумот Радио Слободна Европа, пренесува „Euronews“.
Познато како „Азади“ што значи слобода, радиото пренесува образовни програми за девојчиња во Авганистан, откако на нив им беше забрането да ги посетуваат училиштата минатата година.
Шефот на талибанското министерство за информации, Абдул Хаг Хамад преку „Твитер“ истакнал дека прекинат е преносот на радио-станицата финансирана од Америка поради „непочитување на новинарските стандарди и пристрасно известување“
Иако Талибанците ветија дека ќе ги почитуваат правата на жените и девојчињата, тие повлекоа голем број од нивните слободи, како патување во странство без машка придружба и образование.
Радиото ја испочитува забраната, но од таму истакнуваат дека веќе бараат алтернативни начини за емитување во Авганистан.
„’Азади’ значи живот за десетици милиони Авганистанци, што ја прави талибанската одлука уште потрагична“, изјавил Џејми Флај, преставник од РСЕ.