„Танц“ – изложба на Ана Андровска во Јавна соба

Со масло на платно и масло на медијапан, идеaлно вклопени во ентериерот на дизајн центарот Јавна соба, вечерва во 21:00 часот се отвора изложбата „Танц“ на Ана Андроска.

Еден многу поинаков пристап во изложувањето на современата ликовната уметност која сме навикнати да ја конзумираме во стерилни галериски салони. Феноменалноста лежи во досетливоста на авторката својата уметност да ја претстави во јавен простор со целосно домашен и топол амбиент.

Изложбата „Танц” е серија топли колиритни композиции од масло на платно и медијапан во релативно големи формати. Андроска преку своите дела го пренесува своето видување за потесниот круг и околината.

„Танц“ - изложба на Ана Андровска во Јавна соба

Во доминантна позиција е ставена жената и женските карактеристики, грижата за семејството, навиките, позадинските размислувања и претскажувањата за соништата.

Изложбата „Танц” е отворена за сите посетители во период 15. – 31. јануари при што влезот во Јавна соба е слободен за сите посетители.

Ана Андроска е родена 1982 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек: Сликарство и графички дизајн, во класа на проф. Вело Ташовски. Во 2007 година посетува Интернационалната летна академија во Салзбург, сликарство: Зошто? Каде? Како? кај професор Ирина Накова – Москва.