„Танго единство“: Проекција и Милонга – утре во кафе „Ла Фе“

Во кафе „Ла Фе“ утре, 13 март, од 19:30 часот ќе започне јавна проекција на кореографско видео со млади ментори, создадено во рамки на проектот „Танго Единство: Прегрнување на разликите преку танц“, поддржан од Британскиот Совет и ЕУ, а спроведуван од „Фамилија Тангови“ – Скопје во партнерство со школата за танци „Буена Виста“ – Подгорица.

На истиот настан, во 20 часот ќе се одржи танго игранка (милонга) – вечер за уживање во магијата на тангото, прекрасна музика и топли прегратки.

„Влезот е слободен! Ве очекуваме да ја споделиме оваа незаборавна вечер заедно!“, велат организаторите.

Tанчери (млад менторски тим на Фамилија Тангови Скопје) се: Ангела Настевска, Евгенија Јованова
Eли Мартинова, Kлиментина Џепароска, Марија Постолова, Мимоза Серафимовска, Николина Бошкоска, Стефанија Ангеловска, Игнасио Јованов, Симон Анастасов, Владо Трајановски и Михаел Берберу.

Кореографија и танго инструктори: Марија Бејкова, Светлана Г. Богоевска, Александра С. Златановска и Хелена Штрбац.

Танго инструктори: Зоран Ѓорѓиевски и Трајче Симоноски. За камера и монтажа е задолжен Димитар Атанасоски.

„Голема благодарност и до НУ Музеј на Македонија и Партизанска Штампа“, велат организаторите.

Инаку, „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs) е проект финансиран од Европската унија, чија цел е да поттикне дијалог во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор за зголемено социо-економско влијание.