Македонскиот бенд „Фанк Шуи“, вчера објави дека има променет состав. Местото на досегашниот тапанар во бендот, Давид Николовски, го зазема познатата тапанарка Мартина Баракоска.
„За жал, мораме да објавиме дека концертот од минатиот октомври беше последното шоу со Давид како член. Како што можете само да замислите, ова не е лесно за никој од нас. Поминавме 11 години заедно играјќи, смеејќи се, патувајќи, тепајќи, плачејќи, споделувајќи го доброто и лошото, прославите и кршењето на срцето“ соопштија од бендот.
Од „Фанк Шуи“ истовремено истакнаа дека нова тапанарка на бендот е Мартина Баракоска.
„Во исто време, возбудени сме за свежата енергија што Мартина ја носи на масата и за стекнување дополнителен пријател за живот. Со нетрпение го очекуваме ова ново поглавје заедно. Затоа, добредојде Мартина, и бескрајна благодарност до тебе, Давид“, нагласија оттаму.
Баракоска ѝ стана позната на јавноста како дел од бендот „ДУПЕР“ кој брзо ја освои македонската јавност со песната „Не сум твој тип“. Таа го напушти „ДУПЕР“ во мај, 2019, а од бендот истакнаа дека ќе продолжат со променет состав.
„Поради ненадминливи разлики, ‘ДУПЕР’ продолжува со променет состав. Голема благодарност со Мартина за сите убави моменти и заеднички успеси изминатиов период“, напишаа тогаш од „ДУПЕР“.
Набрзо потоа, „Авалон продукција“ го раскина договорот претходно потпишан со бендот.
„Фанк шуи“ договорот со „Авалон продукција“ го потпиша во 2017 година, а соработката трае и денес.