Министерството за здравство (МЗ) отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари.
Граѓаните, како што велат од МЗ, имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899-001.
Исто така, оттаму истакнаа дека граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја секоја среда од 13:30 16 часот.
Овој концепт е ист на проектот „ЗдравоТаравари“ кој беше воведен кога последен пат беше министер за здравство во 2017 година.