Театар „Комедија“ ги укинува бесплатните претстави за младите повеќе да ја почитуваат уметноста

Средношколците и студентите од оваа учебна година нема да гледаат бесплатни претстави во театар „Комедија“. Ова го одлучи новото раководство на театарот, по претходна консултација со Управниот одбор. Затоа, пак, влезницата за младите ќе бидат со попуст и ќе чинат 150 денари.

Уметничкиот директор на театарот, Сашо Ристовски, во изјава за Факултети.мк објаснува дека оваа одлука е донесена по претходно истражување и во согласност со Управниот одбор на театарот.

Директорката Мирјана Поповска-Ристов, која е дел од ансамблот на „Комедија“ во последните три години нагласува:

„Младите треба да се научат да ги ценат уметноста и вредноста. Јас сум многу задоволна, за почеток, од посетеноста во новата сезона. Уште како актер во овој театар многу ме иритираше фактот дека бесплатното важеше само за средношколци од Скопје и не се дозволуваше за другите градови. Многу често кога сме играле пред средношколци немало дисциплина, се добиваше впечаток како сосила да дошле. Се случуваше да имаме и реакции зошто една претстава ја играме, на пример, секој четврток, па младите немаа опција во терминот за нив да ги видат сите претстави“, вели Поповска-Ристов за Факултети.мк.