Театар Комедија го објави репертоарот за месец септември

Театар Комедија го објави репертоарот за месец септември. Според програмата публиката ќе може да ужива во осум претстави.

„Септември е еден од најубавите месеци во годината кога го испраќаме летото а ја пречекуваме есента. Месецот што следи ќе имате можност да погледнете некоја од претставите кои ќе бидат изведени во Театар Комедија“, велат оттаму.

Програмата е следна:

17 септември, вторник – Ало, Ало!

19 септември, четврток – Жени во Собрание

20 септември, петок – Демнејќи го Годо

21 септември, сабота – Анатомија на неверството

23 септември, понеделник – Разведи ме

24 септември, вторник – Вардарски Пастуви

25 септември, среда – Пар Распар

27 септември, петок – Мац, Мац

28 септември, сабота – Пар Распар

Сите претстави почнуваат во 20:00 часот, а билетие можете да ги набавите на билетарницата на Театар Комедија или онлајн ТУКА.