И Театар Комедија се сели онлајн, претставите ќе се гледаат на „Јутјуб“

Театар Комедија од утре (18 март) се сели на онлајн, а во 20.00 часот е најавено прикажувањето на првата претстава на нивниот нов „Јутјуб“ канал.

„Со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, од утре со почеток во 20 часот Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави. Во текот на утрешниот ден ќе објавиме која претстава ќе може да ја погледнете утре во 20 часот на нашиот YouTube-канал, кој ќе биде достапен од утре. Останете дома, почитувајте ги препораките и останете во добро расположение со нас!“, порачаа од театарот.

Во меѓувреме и актерите на театарот излегоа со видео пораки каде порачуваат граѓаните да останат дома.

https://www.facebook.com/TeatarKomedija/videos/2591617324451832/

https://www.facebook.com/TeatarKomedija/videos/2593116714339994/

https://www.facebook.com/TeatarKomedija/videos/574421160099722/

Поради појавата на повеќемина заразени со новиот коронавирус КОВИД 19, театрите минатата недела беа затворени со цел да се спречи ширењето на вирусот. Затворени се и образовните институции, а сите компании имаат препорака доколку се во можност да ги задолжат вработените да работат од дома. Во меѓувреме се затворија и поголем дел од граничните премини, како и аеродромите, а сите кои доаѓаат од странство ќе бидат во изолација.

Утрово и Македонскиот народен театар најави дека своите претстави ќе ги направи бесплатно достапни на Интернет.