Театарот за деца и младинци награден на фестивалот во Пустец

Н.У. Театар за деца и младинци од Скопје со претставата „Гига Мега Бајка” ја доби наградата за колективна актерска игра на 10. јубилејно издание на фестивалот „Македонско кутурно
лето” во Пустец, Албанија.

Претставата „Гига Мега Бајка” е во режија на Хана Миленковска, а во неа играат актерите Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски и Мики Анцевски.

Десеттото јубилејно издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија се одржа од 26 до 31 јули.