Инспирирани и мотовирани од потребата за зборување на теми кои никој не ги начнува, ние, тим од млади луѓе го организираат првиот TEDxBASSalon.
На него ќе биде ставен aкцент на образованието, конкретно дискусијата ќе биде на тема : „Дали формалниот образовен систем ја убива креативноста кај младите?
Настанот го организираат TEDx заедницата во соработка со Бизнис Академија Смилевски и SmartUp.
Бројот на учесници е ограничен на 20, а сите заинтересирани за присуство на престојната TEDxBASSalon дискусија може да се пријават следниот линк: https://goo.gl/X0fQS8
TEDxBASSalon е настан со салонски карактер кој ќе ја држи TEDx заедницата будна и ангажирана. Вакви собири се случуваат меѓу редовните TEDx настани за да понудат една нова поинаква перспектива, да се развие дискусија и разговорот да продолжи лице во лице.
Настаните овозможуваат активно учество на присутните преку дискусија со можност за надоградување на нивните мислења и ставови. Помалата и пофилтрирана публика нуди интимност и креативност со тоа што организаторите го бираат типот и темата на целиот настан. Зачестеноста е она што ги прави овие настани посебни затоа што вклученост и активација не само што ја подобруваат TEDx заедницата туку и нудат нови иновативи.