TEDxSkopje – Говорници од различни области ќе зборуваат за Градот

Објавени се говорниците на вториот настан TEDxSkopje на тема „City 2.0“ кој на 21 септември треба да се одржи во Кинотеката на Македонија.  Според најавата, TEDxSkopje ќе биде дел од низата настани под истото име кои ќе се одржат во повеќе од 30 земји, на 20 или 21 септември годинава.

http://tedxskopje.mk/govornici2013

Како говорници на настанот во Скопје, меѓу останатите, ќе настапат професорот и архитект Минас Бакалчев, фотографот Роберт Смилевски и продуцентот Небојша Илијевски.

Како теми  на кои ќе говорат осуммината говорници годинава се : Редефинирање на граѓанинот; Пресоздавање на урбаното искуство; Обмислување на градот и Прекројување на географиите.

Ова е втора конференција на TEDxSkopje и овојпат темата на овој настан е Градот.

„Минатата конференција на TEDxSkopje се одржа во oктомври 2010г. Од тогаш наваму, имавме доста идеи за теми на кои би можело да се зборува. Но, кога од TED го најавија настанот City2.0 знаевме дека таа е вистинската тема на која треба да споделиме идеи со граѓаните на Скопје. Говорници од различни области ќе зборуваат на тема град поврзано со уметност, едукација, храна, здравје, игра, јавен простор и безбедност“, стои во соопштението за настанот.