Новиот систем за вештачка интелигенција што е користен за креирање на ликовите во филмот „Аватар“ им помага на истражувачите да го следат почетокот на болестите кои предизвикуваат проблеми во движењето.
Најчесто за ваквите болести е проценето дека колку побрзо се детектира болеста, толку побрзо пациентот може да добие соодветна поддршка и третман.
Со помош на системот кој користи вештачка интелигенција за да ги анализира движењата на телото, експертите од Обединетото Кралство досега ја измериле сериозноста на две генетски нарушувања двапати побрзо отколку лекарите.
Истражувачите исто така велат дека овој начин може да го преполови времето на детектирање на болеста и значително да ги намали трошоците за клинички испитувања и за лекување.
„Влијанието врз дијагнозата и развојот на нови лекови за широк спектар на болести може да биде многу големо“, изјавила д-р Валерија Рикоти, дел од тимот експерти кои го спровеле истражувањето.
Истражувачите го тестирале системот на пациенти кои боледуваат од ретката болест Фридрајхова атаксија и Душевна мускулна дистрофија. Според нивните заклучоци, системот може да се користи и за следење на состојбата на пациенти кои закрепнуваат од болести кои влијаат врз движењето, односно болести на нервниот систем, срцето, мозокот, белите дробови, мускулите, коските и психијатриски нарушувања.
„Нашиот нов пристап открива суптилни движења што луѓето не можат да ги забележат. Ја има способноста да ги трансформира клиничките испитувања како и да ја подобри дијагнозата и следењето на пациентите“, изјавил професорот Алдо Фајзал кој исто така е дел од тимот истражувачи.
Тимот, како што дознава „Би-Би-Си“ сега чека одобрение за користење на системот за испитувања за лекови за Фридрајхова атаксија и Душевна мускулна дистрофија. Доколку добијат потврда, тие би можеле да започнат со тоа за две години. Во моментов се собираат податоци и за употреба на системот за Паркиносова и Алцхајмерова болест.