Кога денес отворате нов таб во браузерот, гледате видеострим во живо или играте 3д-игра, сето тоа се чини речиси премногу лесно, особено за оние кои знаат како изгледаше некогашниот сајбер-живот. Но, и покрај постојаното пробивање низ тешкотиите на штотуку појавените компјутери, сеќавањата на тоа време сепак будат носталгични спомени.
Во последните 20 години, од купишта дискети и дајал-ап конекции, стигнавме до неограничен клауд простор и оптички супер-брз интернет. Еве некои од фазите во ова незаборавно технолошко патување:
Звукот на старите модеми:
Во времето пред цд-ата да го преземат приматот, за да инсталирате само една програма, понекогаш ви беа потребни 10 или 15 флопи дискети
Старите скринсејвери знаеја да бидат чудни (во најмала рака)
Clippy, вашиот Word помошник
Encarta, дигиталната енциклопедија на Microsoft на ЦД, далечниот предок на Wikipedia
IRC чатовите беа мегапопуларни долго пред појавата на Skype или Twitter. Asl pls?
P2P програми за размена на фајлови (музика) – на денешните деца, Kazaa, Napster и Gnutella можеби им звучат како ликови од цртан филм, но пред десетина и повеќе години (пред да ги затворат), овие програми му беа неопходни на секој што сакаше да спушта музика од интернет.