МКЦ на 24 февруари (петок) од 20:30 часот го најавува концертот на музичкото патувачко семејство „Tengger“.
„Tengger“ е составено од пан-азиски пар, Ита и Маркидо, кои го создаваат својот бренд на „Psy/New-Age/Drone“ магија преку употреба на мелодеон, глас и инструменти играчки (свирени од Ита) и аналогни синтисајзери (свирени од Маркидо).
Дуото првично започна со називот „10“, но од раѓањето на нивниот син Рааи (кој им се придружува на турнеите и често на сцената) во 2012 година, се нарекуваат „Tengger“. „Tengger“ значи „неограничено небо“ на монголски јазик, а со ваквата постава го одбележуваат проширувањето на семејството.
„ Исто така, на унгарски значи ‘огромно море’. Патувањето, како духовно искуство во реални средини, и звукот меѓу просторот и публиката беа централни теми на нивните дела. Годишните аџилаци на семејството го информираат секој аспект од нивната уметност“, се вели во најавата на МКЦ.