„Тестни се“ – Бесплатно тестирање за ХИВ неделава во „Сакам да знам“

По повод Европската недела на ХИВ тестирање која трае од 18 до 25 ноември, Младинскиот центар „Сакам да знам“ организира бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и други сексуални преносливи инфекции. Тестирањето може да се направи секој ден од 18 до 23 ноември. Резултатите се доверливи и се добиваат за 20 минути.

„Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ 18-23 ноември, секој работен ден од 15 – 18ч. и сабота од 12 -15ч“, велат од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Терминот за бесплатно тестирање може да се закаже на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/.