Со истурање контејнери со ѓубре пред општинската зграда тетовци денеска протестираа против загадувањето на воздухот а по огромниот пожар кој вчера гореше во дивата депонија на влезот на градот.
Со протестот побараа чист воздух, но и одговорност од градоначалничката Теута Арифи потсетувајќи дека се уште нема решение за деценискиот проблем со дивата депонијата.
Денеска надлежните смируваат дека пожарот е ставен под контрола. Од Владата од утре најавија чистење на депонијата. Од иницијативата Еко Герила пак најавија нов протест, утре напладне на дивата депонија.