Од Министерството за животна средина и просторно планирање известуваат дека веќе два дена, во Тетово и Струмица е забележано надминување на вредноста од 150 μg/m3, односно надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри
„Според Уредбите во кои е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово и Струмица“, велат од МОЕПП.
Според среднодневните концентрации на ПМ10 на мерните места, на 3 јануари во Тетово се измерени 174.87 μg/m3, а на 4 јануари 170.21.
Во Струмица, на 3 јануари се измерени 155.72, а на 4 јануари 222.58 μg/m3.