Петтото организирано возење велосипеди низ улиците на Тетово под името „Критична маса“ ќе се случува оваа сабота (10 август), информираат организаторите од неформалната група „Тетово на точак“.
„Низ жешките летни денови време е да се оладиме барем малку и да ја извозиме петтата „Критична маса“ низ улиците на Тетово. Гласни колку 50 возила, но, почисти, побрзи и поекономични. Овој пат, поради топлото време настанот ќе се случи во 18:00 часот на Градскиот плоштад. Ве покануваме да ја извозиме и оваа критична маса во поголем број и да ја истакнеме потребата за промена во нашиот град“, стои во најавата на настанот.