Тетовските средношколци поставија срциња на оштетениот училишен инвентар

Средношколците од Тетово од шесте средни училишта ја продолжија иницијативата „Постави срце – За подобар училишен инвентар“.

Тетовските средношколци поставија срциња на оштетениот училишен инвентар

Искршени клупи, прозори, врати, столчиња, санитарен инвентар, табли се дел од елементите на кои се поставени срциња изработeни од средношколците.

Од сите средни училишта во Тетово најлоши инфраструктурни услови за учење имаат македонските паралелки од Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Членовите на Медиа/арт клубот преку фото-приказна веќе ги прикажаа лошите условите во кои учат учениците од ова средно училиште.

Тетовските средношколци поставија срциња на оштетениот училишен инвентар

Целта на иницијативата е да се подигне свеста кај учениците и сите засегнати страни за условите во кои учат учениците, а ќе продолжи со поставување срциња на оштетениот инвентар во сите средни училишта во Тетово.

Тетовските средношколци поставија срциња на оштетениот училишен инвентар

 

Оваа акцијата се спроведува во повеќе градови низ Македонија и како дел од активностите е креиран блог преку кој, освен информации за текот на акцијата и совети за изработка на срцињата, се овозможува сите заинтересирани да се вклучат во иницијативата и да помогнат во детектирање на проблемите во училиштата.

Иницијативата „Постави срце – За подобар училишен инвентар“ е поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Бобан Костадиновски

Фотографии:  Бобан Спировски и Ангела Денковиќ, ученици во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ од Тетово