Тетовското драмско студио гостуваше во Белград со „Љубовникот во голем стил“

Ккао дел од деновите на македонската култура во Белград „Допир на Македонија“  на малата сцена „Раша Плаовиќ“ во Народното позориште во Белград завчера (15 мај) тетовскиот аматерски театар ја изведе претставата „Љубовникот во голем стил“.

Тетовскиот аматерски театар гостуваше во Белград

Драмското студио  „Тетово“ при Националниот центар за култура „Иљо Антески Смок” од Тетово, постои од 1976 година, кога првпат е изведена претставата „Црнила“’ од Коле Чашуле, а во режија на покојниот Аце Костовски. Студиото има освоено бројни награди за своите претстави, режија и актерство.

Организаторот и на овогодишната манифестација Денови на Македонската култура во Белград е здружението на Македонците „Македониум“, под покровителство на Министерството за култура на Република Србија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, во соработка со Националниот театар во Белград и компаниите „Алкалоид“ и „Тиквеш“.  Манифестацијата започна на 10 мај со отворање на Изложба на копаничарство на тетовскиот уметник Будимир Апостолски.

Извор