Македонскиот трибјут бенд во состав на Давор Трајковиќ (вокал), Лука Стошевски (гитара), Марко Тошанов (гитара), Леа Лончар (бас) и Иван Димишков – Димиш (тапани) во петок (2 декември) ќе свират песни од сите албуми на поп-панк/емо бендот „My Chemical Romance“.
Настапот, за кој музичарите ветуваат дека ќе биде енергичен и емотивен ќе започне во 21:00 часот во Станица 26.
„Идејата ни дојде од тоа што Давор сакаше да прави трибјут на друг бенд и кога му ја кажал идејата на Тошанов, тој му рекол: ‘А зошто не правиме трибјут на MCR?’. Се разбира тоа беше прифатено, а подоцна им се приклучивме и останатите“, вели тапанарот Димиш.
Тој додава дека настапот го подготвуваат од август, а со проби започнале уште од почетокот на октомври.
Влезниците се по цена од 150 денари, а може да се набават пред почетокот на настапот во Станица 26.
Од бендот информираат и дека за првите 200 луѓе ќе има гратис стикер.