После минатогодишниот одличен настап на „Здраво Млади“, Luis Vasquez и „The Soft Moon“ се враќа во Младинскиот Културен Центар. Концертот ќе се одржи на 6 октомври, со почеток во 21 часот.
Настапот во МКЦ е дел од европската турнеја на која ќе биде промовиран новиот албум “DEEPER”.
Билетите можат да се набават на билетарницата на МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс.