Иницијативата Pending Coffee го организира својот прв настан во четврток, на 25 април, во 20.30 часот,во кафе-книжарницата „Магор“. Идејата зад овој настан е да започне една иницијатива од хуманитарен карактер. Имено, со секое испиено кафе, а платено второ, второто ќе биде за некој кој не може да си го дозволи. Оваа идеја функционира во други земји, и таа е прва од ваков карактер во нашата земја.
За почеток, додека да се стекне навика и додека идејата да почне да функционира во својата основна форма, средствата собрани од настанот ќе овозможат кафето и храната да бидат однесени на оние за кои се наменети.
Станува збор за истакнување на основните човечки вредности, хуманоста, довербата дека идејата нема да се злоупотреби и храброста да се преземе ризикот во ова општетсво да се направи нешто бескомпромисно добро. Се во еден филџан кафе. Навистина, секој од нас може за двајца!