Додека македонските диџеи заработуваат релативно малку пари, хонорарите на светски познатите ѕвезди достигнуваат вртоглави суми. Списанието Forbes ја објави својата втора годишна листа на најдобро платени диџеи во светот. Пресметките на заработката на најплатените диџеи се направени врз основа на приходите од настапи, рекламни договори, продажба на сувенири, продажба на музика, бизнис потфати. Ако лани број еден според заработувачката беше Tiësto, годинава приматот му го преземаа други диџеи. Ова се десетте најдобро платени диџеи во светот:
10. Kaskade – 16 милиони долари
На 42-годишна возраст, тој е еден од постарите диџеи на листата, но Kaskade не им го отстапува местото на помладите. Тој има над 130 настапи последната година, а голем дел од нив се од негова турнеја Freaks of Nature Tour. Ова е еден од првите диџеи кои си создадоа име во Лас Вегас. Во 2010 година тој потпиша договор со Encore Beach Club, а во моментов редовно пушта музика во елитниот клуб Marquee во Cosmopolitan во Лас Вегас.
9. Skrillex – 16 милиони долари
Skrillex добива шестцифрени суми за учества во целиот свет и најмногу во ноќниот клуб XS во Лас Вегас. Тој, исто така, заработува и од продажба на музика, откако освои три награди Grammy оваа година.
8. Armin van Buuren – 17 милиони долари
Armin van Buuren одамна е прогласен за еден од најдобрите во светот. Тој има неделно радио шоу „A State of Trance“, а во последната година настапувал 120 пати низ цел свет. Во мај го издаде својот петти студиски албум Intense. Armin van Buuren е пријател на холандското кралско семејство и свиреше за време на именувањето на холандскиот крал Вилем-Александар во мај.
7. Afrojack – 18 милиони долари
Afrojack ужива целосно во својата заработка. Си купи Ferrari 458 во февруари, го уништи за помалку од еден час па си купи ново следниот ден. На само 25-годишна возраст Холанѓанецот веќе продуциран песни за ѕвезди како Pitbull и Chris Brown и поседува сопствено студиo за снимање.
6. Avicii – 20 милиони долари
Со своите 23 години шведскиот диџеј е најмладиот на листата. Тој учел како да продуцира музика со пиратски софтвер во детската соба. Се очекува да го објави својот деби албум True во септември. Главниот сингл – Wake Me Up, веќе има над 1,7 милиони преземања на глобално ниво.
5. Deadmau5 – 21 милиони долари
Deadmau5 заработи многу пари, иако според бројот на настапи е двојно помал во споредба со некои од останатите диџеи во на листата на Forbes. Хонорарот му е повисок од 200 000 долари на вечер во клубот Hakkasan во Лас Вегас. Тој, исто така, заработува од продажба на музика под издавачката етикета Mau5trap.
4. Swedish House Mafia – 25 милиони долари
Тројцата членови на Swedish House Mafia ставија крај на групната кариера во март оваа година. Тие сепак успеаја да заработат доволно за да влезат во првата петорка на листата.
3. David Guetta – 30 милиони долари
Guetta се издига од париските ноќни клубови до еден од најдобро платените диџеи во светот. На 45-годишна возраст Гета сеуште не забавува со своето темпо. Тој имаше 120 настапи изминатата година.
2. Tiësto – 32 милиони долари
Холандскиот диџеј е во бизнисот со децении, има над 140 настапи во просек годишно и заработува повеќе од било кога. Ова лето Tiësto склучи договор со ноќниот клуб Hakkasan во Лас Вегас, откажувајќи ги од вообичаените учества на Ибица.
1. Calvin Harris – 46 милиони долари
Харис има освоено повеќе од Џеј Зи и Кејти Пери изминатата година и за прв пат во својата кариера ја предводи листата на најдобро платените диџеи. Во февруари тој потпиша договор за над 70 учества во рок од две години во ноќниот клуб Hakkasan. Тој исто така има приходи од продукција на песни за изведувачи како Ријана.
Преземено од Forbes