„Тииит!Инк“ и две асоцијации од Белгија и Франција создаоа Мрежа за менструално образование

Неформалната група за женски права „Тииит!Инк“ заедно со Règles Élémentaires (Франција) и BruZelle (Белгија) создадоа Мрежа за менструално образование.

Трите партнерски организации соработуваат со цел да ги споделат најдобрите практики, да развијат алатки за подигање на свеста преку организирање на фокус групи предводени од млади и јавно да се зборува за менструалното образование.

„Со прилагодување на методологиите на индивидуалните потреби и искуства, Мрежата има за цел целосно да резонира со учесниците“, се вели во описот.

Проектот се фокусира на подобрување на знаењата, вештините и младинското ангажирање во менструалното образование преку:

  • Олеснување на соработката помеѓу организациите, поттикнување на меѓусебното учење преку споделување искуства и најдобри практики во менструалното образование.
  • Ангажирање на младите во менструалното образование, спроведување на сеопфатна анкета преку таргетирање на 500 млади на возраст од 8 до 18 години во секоја земја, со цел да се разберат нивните очекувања.
  • Вклучување на младите во креирањето алатки за подигање на свеста, формирање фокус групи со мотивирани млади од секоја земја.
  • Споделување на резултатите со поширока публика, составување на резултатите во водич, со сумирање на разменетите информации и предлагање општи насоки.

„Со завршување на проектот, партнерските организации имаат за цел да се чувствуваат поопремени и посигурни при спроведувањето на менструалните едукативни сесии. Младите учесници треба да умеат да ги разберат различните аспекти на менструацијата и да се чувствуваат зајакнати за да може да иницираат проекти кои се однесуваат на менструалната сиромаштија или менструалното образование во нивните училишта“, велат од „Тииит!Инк“

Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани да се приклучат на оваа иницијатива. За повеќе информации и за приклучување во мрежата, може да ги контактирате на: tiiiit.inc@gmail.com