Според истражувањето на американската технолошка компанија Cloudflare, платформата за споделување кратки видеа ТикТок е најпосетуваниот интернет домен во 2021 година.
Популарниот сервис го надмина дури и Гугл, кој беше лидер во интернет сообраќајот во претходните години.
На листата на најпосетувани домени во изминатата година се најдоа и Фејсбук, Мајрософт и Епл.
Меѓу првите десет се сајтови и апликации како Амазон, Нетфликс, Јутјуб, Твитер и Ватсап.
ТикТок првично го презеде водството на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден е пред Гугл во однос на посетите.
Апликацијата ТикТок летово забележа над три милијарди преземања, нешто во што досега успеа само Фејсбук.