ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација, пишува новинската агенција Мета.

ТикТок со месеци се бори против овој закон, кој Конгресот го донесе во март во име на заштита националната безбедност, но Врховниот суд на САД вчера одби да го запре, со што ја предодреди судбината на социјалната мрежа во земјата доколку владата реши да не интервенира во последен момент.

Одлуката на највисокиот американски суд дојде нешто повеќе од 36 часа пред крајниот рок што и го одреди Конгресот на кинеската матична компанија на ТикТок, ByteDance, да ја продаде својата подружница во САД.

Со законот се бара од давателите на интернет услуги и продавниците за апликации да ги блокираат преземањата и ажурирањата на ТикТок почнувајќи од вечер на полноќ.

Белата куќа смета дека „спроведувањето на законот (треба) да и се довери на следната администрација, која ќе стапи на должност во понеделник“, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер.

Мета.мк