Агрегаторот Time.mk од септември планира да понуди нова услуга, сервис кој ќе овозможува превод од англиски на македонски јазик, пренесува emagazin.mk.
Сервисот ќе биде сличен на Google translate, но со подобар квалитет на преводот на ограничен домен како политика, економија, администрација, итн, вели Игор Трајковски, сопственик на Time.mk во изјава за онлајн магазинот.
Есенва агрегаторот планира и целосен редизајн на веб страната. Агрегаторот Time.mk кој стартуваше во јули 2008 година, важи за една од најпосетуваните веб страни во земјава.Во септември 2008 веб страната имала 1.500 кликови дневно, а денес има над 4 милиони посети месечно или 150.000 во работните денови и 100.000 во неработните.
Освен на македонски јазик Time.mk собира вести и од регионот, па има и верзија на словенечки, албански, хрватски, српски и бугарски јазик.