Калифорнискиот институт за технологија ја предводи листата на најдобрите универзитети во светот на британското издание Times Higher Education, веќе трета година по ред. На втората и третата позиција во рангирањето со изедначен резултат се најдоа универзитетите Харвард и Оксфорд.
Калифорнискиот институт за технологија успеа остане на првото место, осткако пред три години го потисна Харвард. Со своите седум претставници во првите десет, САД ја задржува лидерската позиција во светот во сферата на високото образование.
Останатите три места меѓу десетте најдобри универзитети во светот се зафатени од британските високообразовни институции.
Освен САД и Велика Британија, во првите 200 места на листата, која вклучува вкупно 400 универзитети, најмногу претставници има Холандија, а прв овде во оваа држава е холандскиот универзитет е Leiden University , кој се најде на 67- то место. Со своите пет универзитети во првите двеста , Јапонија го задржува лидерското место во азиско-пацифичкиот регион.
Токискиот универзитет , кој се рангираше на 23 – тото место во светот , е највисоко рангиран од овој регионот, а по него следи Националниот универзитет на Сингапур и универзитетот во Мелбурн.
Од Higher Education користеле 13 индикатори за евалуација на универзитетите во 5 различни групи. Меѓу нив се квалитет на наставата , истражувачка работа , референци во медиумите и слично.Универзитетот Харвард се искачува за две места на листата оваа година, за да се израмни на второто место со Оксфордскиот универзитет, додека Универзитетот Стенфорд паѓа за две места надолу до четвртата позиција.
САД продолжуваат да доминираат и во првите 100 универзитети на листата , каде имаат 46 претставници . Велика Британија има 11 универзитети во првите 100 , а Холандија – 8 . Највисоко рангиран универзитетот, кои не е во САД или Велика Британија, е швајцарскиот Федерален институт за технологија – Цирих .
Вкупно 26 земји имаат свои претставници во првите 200 – та најдобрите универзитети во светот, или за две земји повеќе од лани. Турција , Шпанија и Норвешка повторно се приклучуваат на оваа група , додека годинава Бразил го нема со свој претставник на листата.
Германија има вкупно 10 универзитети во првите 200. Блискиот Исток е претставен во рангирањето од Турција и Израел , а Африка има само еден претставник – универзитетот во Кејптаун, кој е на 126 -то место.
Во ова рангирање не се најде ниту еден универзитет од регионот.
Ова е целосната листа на најдобрите светски универзитети според Times Higher Education.