Арми Хамер и Тимоти Шаламе потпишале договор за главните улоги за продолжението на независниот филм „Call me by your name“.
Премиерно прикажан во 2017 година, филмот ја обработува љубовната врска помеѓу 17 годишниот Елио (Шаламе) и Оливер (Хамер), соработникот на неговиот татко.
Во режија на Лука Гудањино, „Call me by your name“ е базиран врз истоимениот роман на Андре Асиман.
Во интервју за „Република“, режисерот потврдил дека улогите ќе бидат играни од истиот актерски состав.
„Да се работи со Тимоти Шаламе, Арми Хамер, Естер Гарел и останатите актери е големо задоволство. Сите тие ќе бидат дел од новиот филм“, соопштил Гудањино.
Сè уште не се знае дали дејствието за продолжението би било базирано според вториот роман на Асиман, „Find me“, но режисерот претходно навестил дека се навраќа на романите на Асиман за инспирација.
„Преку 40 страни во романот се посветени на животите на Елио и Оливер во наредните 20 години. Па оттаму, постои индикација дека приказната може да се продолжи“, додал Гудањино.
Филмот „Call me by your name“ често е цитиран како значајно дело на квир кинематографијата.
Извор: Independent