Тинејџер изработи платформа за следење на состојбата со Ковид-19, има милиони корисници од цел свет

Интернет-страницата што ја изработи 17-годишен тинејџер стана еден од најважните ресурси за луѓето кои бараат точни и ажурирани статистики за пандемијата.

nCoV2019.live е дело на младиот Ави Шифман, средношколец од островот Мерсер, надвор од Сиетл, кој го започна својот проект на крајот на декември, кога коронавирусот сè уште не беше откриен надвор од Кина.

Сега оваа платформа ја посетиле десетици милиони од секоја земја на Земјата. Следи смртни случаи и обезбедува интерактивна мапа и информации за болеста. Изворот се ажурира секоја минута и презема информации од Светската здравствена организација, центрите за контрола на болести и други релевантни институции.

,,Веб-страницата ја започнав околу Божиќ минатата година. Мислам дека главната цел на тоа беше да обезбеди само лесен начин за да ги видите вистинските факти и податоците, знаете, без да направите веб-страница што би била пристрасна или, полна со реклами или слично”, вели средношколецот.

Платформата дава информации за вкупните бројки на случаи и вкупната смртност на глобално и локално ниво.

,,Не сакав да го отежнам. Знаете, не треба да поминувате преку владините веб-страници и да преземате дневно ПДФ што веројатно е застарено до моментот кога ќе го прочитате, и треба да поминете низ сите видови комплицирани работи, само за да ги видите вистинските факти. Значи, тоа беше главната причина зошто сакав да ја направам оваа веб-страница. Кога ја започнав, имаше помалку од илјада вкупно случаи и сите беа од областа Вухан во Кина. Ова го видов на вестите и забележав дека е навистина тешко да ги пронајдам информациите и се ширеа многу дезинформации. Затоа, решив дека би било кул да се создаде веб-страница како центар за информации”, вели тинејџерот.

Училиштата сега се затворени, па Шифман се фокусира на работењето на веб-страницата. Тој вели дека на помош има пријател студент, кој му помага во комуникацијата со медиумите и јавноста.