Тинејџерот Адам Бојд од Кру, Велика Британија, успеал да влезе во ВИП ложата на концерт на бендот Sherlocks, откако на Википедија напишал дека е братучед на фронтменот, како и дека бил инспирација за песната “Live for the Moment”.
Идејата ја добил откако задоцнил за концертот во Ројал Алберт Хол во Манчестер.
„Минатата вечер тргнав на концертот, но стигнавме доцна и местото на кое стоевме имаше многу лош поглед. Додека бев пијан, ја ажурирав Википедија страницата на бендот и напишав дека сум роднина на пејачот, и успеав!“.
„Братучедот“ на пејачот Киаран Крук на вратарот му ја покажал страницата на Википедија, се идентификувал, и веднаш бил пуштен во ВИП делот, каде погледот бил значајно подобар.