Финскиот претседател Саули Нинисто вчера имаше можност да се одмори, бидејќи ги предаде своите претседателски обврски на 16-годишна тинејџерка, како дел од меѓународна кампања за промовирање на правата на девојчињата, пренесува „Н1“.
„Овој ден е еден од моите најдобри искуства кои сум ги имала во последно време“, изјави Нела Салминем за „АФП“ пред претседателската палата откако денот го помина состанувајќи се со политичари и зборувајќи на конференција за климатски промени.
Организацијата „План интернешнл“ ја избра Салминем да работи заедно со претседателот на Финска, како дел од кампањата „Girls Takeover“, чија цел е да ги промовира тинејџерките ширум светот на еден ден да преземат политичка и економска одговорност.
Салминем рече дека пораката што ја испратила до постарите била тие подобро да го препознаат потенцијалот на девојките и повеќе да ги вклучат во одлуките од политичка природа.