Тинејџерот кој го следеше приватниот авион на Маск, по Твитер забраната, се префрли на Тредс

Долго време „на мета“ од страна на сопственикот на Твитер, профилот @elonmuskjet сега го следи приватниот авион на Илон Маск преку ривалната социјална мрежа Тредс, јавува „Гардијан“.

Студентот чиј Твитер профил го мониторираше движењето на приватниот авион на Илон Маск, го префрли својот профил на Тредс – најновата социјална мрежа под капата на „Мета“.

Вчера, во вторникот, Џек Свини, студент од Флорида и ентузијаст за авијација, ја објави својата прва објава под името @elonmusksjet, откако Твитер го отстрани неговиот профил минатиот декември.

 

Post by @elonmusksjet
View on Threads

 

„ИлонЏет пристигна на Тредс“, напиша Свини во објавата која оттогаш собра над 10.000 допаѓања и над 250 коментари.

Веќе во наредната објава, студентот се обрати до Марк Зукенберг, сопственикот на Тредс велејќи „@zuck дали ќе ми дозволиш да останам?“ што треба да е суптилна навреда кон сопственикот на Твитер, Илон Маск, кој го отстрани профилот откако воведе нови правила за сите твитерџии, според кои споделувањето на нечија моментална локација е забрането.

Пред да биде отстранет од Твитер, Свини стоеше раководеше се автоматски профил кој користејќи ги податоците од јавните веб-страни, ги следеше дестинациите на кои летаат приватните авиони на познатите, како Илон Маск, Џеф Безос, Бил Гејтс и Марк Зукерберг.

Дополнително, по руската инвазија и војна во Украина, автоматскиот профил на Свини следеше дел и од патувањата на бројни руски олигарси.

Одлуката на Маск да се отстрани профилот на Свини се случи многу брзо откако Маск вети дека нема да го направи тоа, велејќи „мојата посветеност кон слободата на говорот е толку голема, што нема да го отстранам профилот, иако тоа е директен ризик за мојата лична безбедност“.

Но само малку подоцна, Маск се премисли.

„Информациите на моменталните локации за било која личност ќе бидат отстранети, бидејќи се закана за физичката безбедност. Оваа одлука вклучува и објавување линкови до веб-страни кои споделуцаат информации за локацијата на личности во одреден момент“, напиша Маск, дополнувајќи дека ќе покрене тужба против Свини, поради „штета кон неговото семејство“.