Ако во минатото студентите беа иницијатори на општествените промени, денеска и покрај можностите пред нив, малкумина се осмелуваат да го дигнат својот глас за проблемите. Студентите се пасивни, вели Стефан Алексиќ од Радио МОФ, кој додава дека тие самите треба да се изборат за сопствените права, а не да чекаат некој друг да го направи тоа за нив.
Izjava na Stefan Aleksik by Radio Mof on Mixcloud
Во минатото и покрај еднопартискиот систем гласот на студентите успевал да стигне во јавноста. Денес имаме повеќепартиски ситем, но тоа не доведе до плурализам и развој на студентските медиуми. Според Звездан Георгиевски, некогашен новинар во сега веќе револуционерното списание „Млад борец“, денешното општество не им дозволува на студентите да го дигнат сопсвениот глас.
Izjava na Zvezdan Georgievski by Radio Mof on Mixcloud
Но „Млад Борец“ , не беше единствениот студентски весник во минататото. Излегувањето на „Студентски збор“ како гласило на идните носители на општеството, даде голем печат. Некогашниот уредник на „Студентски збор“ сега универзитетски професор, Томе Груевски вели дека тоа беше единственот место каде што студентите можеа да пишуваат и да вежбаат новинарство. Денеска вели тој можностите се поголеми, но и пасивноста на студентите.
Izjava na Tome Gruevski by Radio Mof on Mixcloud
Освен студентскот списание „Излез“ кое што одбележа 3 години од своето постоење, студентите немаат друг свој весник. Нивниот глас може да се слушне уште и на неколку младински радија, како што е и Радио МОФ. Со развојот на интернетот студентите добијаа можност да пишуваат на веб порталите кои се лесно достапни. Но сите се согласни во едно, сеуште нема доволно моќен медиум преку кој гласот на студентите вистински ќе оддекне во општеството.
Сунаи Сабриоски