По повод на Меѓународниот ден на џезот, денес, на 30 април, во паркот „Ибни Пајко“, Здружението на џез музичари (ЗЏМ) организира целодневна џез музичка дружба.
Со почеток од 14 часот, па сè доцните вечерни часови во паркот по шести пат ќе се одржи манифестацијата на која ќе настапат бројни џез музичари.
Според објавениот распоред, манифестацијата ќе започне во 14 часот со настап на Џоле Грујовски, по што во 15 часот ќе следува настап на Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски.
Во 16 часот ќе настапат Агни Авшар и Јордан Костов, а по нив, во 17 часот ќе настапат „SS Project“.
Манифестацијата ќе продолжи во 18 часот со настапот на „Off Ground Enseble“, по што во 19 часот ќе следува настапот на Сашо Поповски.
Во 20 часот ќе настапат „CuckooRack aka Bopers“, а настанот ќе заврши со настап на Тони Китановски во 21 часот.
„Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување“, велат од ЗЏМ.