Toka Shitet ќе настапува во „Буква“

Toka Shitet е уметничкото име на Идриз Амети, фронтмен на групата „Blla Blla Blla“, кој во петок (5 мај) од 21:30 часот ќе настапува во живо во кафе-книжарницата „Буква“.

Од „Буква“ велат дека Амети е присутен на сцената од 1986, а сега, како соло уметник со шаркија (традиционален балкански инструмент) и некои ефекти, се обидува да измеша нешто со некого.

„По неколку настапи во живо (Sofat – Permet, PIN TV Taksirat Festival 2020 MK, Prespaland Resen,Тврдина на Сонцетo – Кокино) и демо снимки, тој наскоро ќе влезе во студио – да го сними својот прв студиски албум. Има еден албум во живо на PMGJAZZ“, стои во најавата за настапот.

Toka Shitet во „Буква“ премиерно ќе отсвири неколку авторски нумери, како и микс од стари народни песни од регионот.